Средба на градоначалниците Бејта и Жерновски

Градоначалниците на општина Гостивар Невзат Бејта и на општина Центар Андреј Жерновски денеска имаа средба на која, како што информираат, разговарале за актуелната политичка ситуација во Република Македонија.

Двајцата, како што се наведува во соопштението од општина Центар, оцениле дека новата реформска Влада треба да ги направи сите неопходни чекори за демократизација на државата и за владеење на правото.

Коалициската Влада, се согласиле Жерновски и Бејта, ќе работи на создавање услови за економски просперитет на сите граѓани, без разлика на етничка, верска и партиска припадност, како и за рамноправен развој на сите општини во државата.

Бејта и Жерновски разговарале и за можностите за заедничка соработка и заеднички проекти на општините Центар и Гостивар.