Стоилковиќ: Што побрзо да се отвори политичка дебата за да се дојде до решение

Доколку не се отвори политичка дебата на брз и ефектен начин, Македонија сѐ подлабоко ќе тоне во криза, рече во вестите на ТВ Нова Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија.

„Можеби би било добро таа сериозна политичка дебата да се отвори што побрзо за да можеме што побрзо да дојдеме до решение. Доколку работите не се отворат на некаков побрз и поефектен начин, мислам дека сѐ подлабоко ќе тонеме во криза затоа што плановите А, Б, Ц, Д, Ш,  се планови за дестабилизација на Република Македонија, планови за вонуставно однесување, планови за однесување надвор од институциите на системот и ниту еден од тие планови нема да ѝ донесе добро на Република Македонија, ниту стабилизација на политичките прилики во кои се наоѓа Република Македонија“, изјави Стоилковиќ.