Судијата Џолев поднесе кривична пријава против Лазаров

Судијата Иван Џолев поднесе кривична пријава против Јордан Лазаров, претседател на советот за факти, кој денеска требаше да одлучува за претставка поднесена против судијата.

Судијата Џолев и неговиот адвокат Стеван Павлески се сомневаат дека Лазаров е пристрасен бидејќи во периодот на избор на претседател на кривичниот суд, незаконски поведел постапка против Џолев само за да ќе го фаворизира противкандидатот на Џолев, судијата Владимир Панчевски.

Пандорче Антеска