Судски совет избира в.д. претседатели на Кривичен и на Врховен суд

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ќе избира вршители на должност претседател на Врховниот суд и на Основниот суд Скопје 1-Скопје.

На досегашните претседатели на двата суда, Лидија Неделкова и Владимир Панчевски им истече мандатот.

Изборот на редовен претседател за овие два суда ќе се врши по завршувањето на вонредните парламентарни избори.

Кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје се актуелниот претседател на судот Владимир Панчевски и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ, а кандидати за претседател на Врховниот суд се актуелната претседателка Лидија Неделкова и судиите Јово Вангеловски, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.

Членовите на Судскиот совет денеска треба да донесат одлука за престанок на функцијата судија поротник и одлука за избор на судии поротници во суд.