ТАХИРИ: Употреба на мајчин јазик со институциите е практично прашање и така треба да се третира

Доколку политичките партии не го третираат прашањето за употребата на Албанскиот јазик само за политички поени, тогаш може да се најде практично решение, вели Сефер Тахири во вечерашното отворено студио на Телевизија Нова каде што се дискутира за Законот з аупотреба на јазицитие на тема „Разединувачки закон за обединувачки јазик“.

– Ако граѓаните можат да го користат мајчиниот јазик во службена комуникација со институциите во државата е практично прашање и како такво треба да се третира – вели Тахири.

Тој вели, факт е дека општеството ни е мултикултурно, мултиетничко и мултирелигиозно, но политичкиот систем од 2001 година навака функционира по етнички клуч.

– Уставот кој што произлезе од Охридскиот договор, колективните права,на некој начин, не ги детерминира како граѓански права, туку ги детерминира врз основа на пристуност на одредени граѓани од одредена етничка заедница, во случајов тоа се Албанците. Според мене, милам дека нас во Македонија ни треба Договор, ако сакате ќе го наречеме политички, опшстествен, меѓуетнички, но тој Договор да не биде донесен во услови на конфликт како што беше случај претходно – вели Тахири.