Таравари нема да даде оставка од министерската функција (ВИДЕО)

Министерот за здравство, Арбен Таравари кој е официјално кандидат за градоначалник на Гостивар од партијата на Алијанса на Албанците соопшти дека нема да даде оставка од министерската функција до завршување на локалните избори. Вели дека не гледа судир на интереси за време на предизборната кампања и нема да користи никакви бенефиции од министерството.

„Засега нема да дадам оставка, има одредени проекти кои мора да течат. Да се растури сега тимот не би било коректно“, вели Таравари кој очекува адекватна замена за него откако ќе седне во градоначалничката фотеља..

Таравари се кандидираше за градоначалник за Гостивар бидејќи како што изјави тој Алијансата на Албанците морала да понуди кандидат за градоначалник,а од причина што не успеале да се договорат со помалите партии, како најсоодветен кандидат за градоначалник на Гостивар, партијата проценила дека е токму тој.

Мери Ѓорѓиевска