Температурата утре до 32 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.

Температурата ќе се движи од 21 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 30 степени. 

Следува период на сончево време со свежи утра, а преку денот ќе биде се потопло. За време на викендот дневните температури насекаде ќе бидат над просекот.