Тиранската платформа влезе во Собранието

Тиранската платформа пред пратениците. Пратеникот Ејуп Аљими од ДУИ излезе на собраниската говорница и ја прочита содржината. За да ги отстраниме дилемите околу заедничката Декларација на албанските политички партии, јас сум принуден да ја прочитам Декларацијата која е потпишана од албанските политички партии. Ова е програма и платформа на албанските политички партии, рече Аљими. Првата точка истакна тој е постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот.

Се предлага и постигнување економска рамноправност и рамномерен регионален развој, формирање министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правосудството. Декларацијата предвидува и спроведување на реформите во согласност со договорот од Пржино, препораките на Прибе и на ЕК, како и на препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, поддршка за непристрасното работење на СЈО, како и целосно расчистување целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку анкетна комисија или меѓународен независен орган. Се осврна и на точките за добрососедски односи и за спорот за името.

„Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција“, рече Аљими.

Декларацијата предвидува и спроведување на реформите во согласност со договорот од Пржино, препораките на Прибе и на ЕК, како и на препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ. Последната точка е брза интеграција во НАТО и ЕУ.

По ова пратеникот Зијадин Села од Алијанса за Албанците побара не само за геноцид од годините кои се спомнуваат во платформата, туку да се говори и за геноцидот врз Албанците кој како што тврди се случувал потоа.

„Има заедничка декларација на политичките албански парламентарни партии дали сум јасен? Оваа заедничка декларација е ново во политиката тука во Македонија. Оваа заедничка декларација уште еднаш ќе повторам е на политичките албански партии и вие може да употребувате разно, разни поими да ја нарекувате Тиранска или Приштинска платформа, како што сакате можете да ја наречете“, истакна Села.

Албанските политички лидери платформата, ја обелоденија на 7 јануари, Божиќ. Таа содржи седум точки. Во изминативе три дена собраниска дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ инсистираа на дебата со цел да се расчистат дилемите кои постојат во јавноста. Со денешното преставување на платформата според Димовски ова е можеби прв получекор за излез од кризата. Тој порача – Да најдеме гаранција и да го распуштиме Собранието, да биде избран претседател на Собранието уште денеска кој ќе има единствена улога да распише брзи локални избори и брзи парламентарни избори, порачаа од партијата на Груевски.

Бојана Димитријевска