Трајанов: Студентските домови да се отворат за навивачите на Реал и Манчестер

Отворање на студенските домови во Скопје за навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, предлага лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов.

Според него, сместувањето треба да биде бесплатно или со минимален надомест по 10 евра од кревет, колку да се покријат реалните трошоци.