Три месеци бесплатен пристап до информациите од МИА (ВИДЕО)

Директорот на Македонската информативна агенција, Драган Антоновски, на прес-конференција во Клуб на новинари ја промовираше пред јавноста иницијативата на најстарата информативна агенција во Македонија за бесплатно преземање на нивните текстови во име на подигање на стандардите за објективноста на медиумите и воедно преземање мерки за да се спречи ширењето лажни вести, што е најголемиот современ непријател на новинарите.

Оваа опција ќе биде отворена за сите медиуми во период од наредните три месеци, односно до завршување на локалните избори.

Александра Овчарска