ТВ НОВА ВО ЊУЈОРК: Американците гласаат за новиот претседател на САД

Во САД денеска се одржуваат претседателските избори, на кои 225 милиони американци со право на глас избираат меѓу демократскиот кандидат Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп.

Ќе се гласа во еден круг во секоја од 50-те американски сојузни држави и во градот Вашингтон.

Според спроведените анкети изборите никогаш не биле понеизвесни.

Во живо од Њујорк известува Анита Петровска Рајковиќ.