УХМР: Од Грција кон Гевгелија доаѓа нестабилна воздушна маса

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса попладнево времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. На места врнежите ќе бидат пообилни,а повеќе ќе бидат застапени во источните делови, каде ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси.

Во моментов од Грција кон Гевгелија надоаѓа нестабилна воздушна маса од поголеми размери и во овој регион наскоро ќе има пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Истовремено  Штип ќе биде зафатен од помала нестабилна маса што ќе предизвика слични појави.

Утре и во понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот (максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени). Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.