Утрешните температури ќе се движат од 23 до 32 степени

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15 степени, а дневната од 23 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната до 32 степени.

Следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник.