Васев: Целосен отпис на долговите за вода и ѓубретарина за сите социјално загрозени семејства

Новата ера, значи нова надеж за граѓаните. Новата ера носи раст и развој, сигурност и стабилност за сите граѓани на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има предвидено реални мерки и проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Со стапување на функција на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и конституирањето на општинските совети, ќе спроведемe проект за еднократен отпис на долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09.2017 година, за сите социјално загрозени семејства, истакна Светислав Васев.

-Потенцирам ќе биде извршен целосен отпис на долговите за вода и ѓубретарина за долговите настанати заклучно 30.09.2017 година за следните категории граѓани:

Приматели на социјална и постојана парична помош, категорија која опфаќа околу 35.000 граѓани.
Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот, категорија која ќе опфати околу 8.000 граѓани. Како и,
Семејства кои што се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната нето плата во Република Македонија.

Овој проект произлегува од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозените семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој проект, рече Васев и додаде:

„Граѓаните кои долго време не можеле да го вратат долгот за вода и имале дури и утужени обврски кон водоводните претпријатија ќе можат да здивнат од тужбите и извршителите. Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на Совети на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година! ВМРО-ДПМНЕ секогаш го има доброто на граѓаните за свој приоритет. Службата кон граѓаните е наша обврска, работата за подобро утро наша должност. Граѓаните на 15-ти октомври имаат јасен избор. Изборот е ВМРО-ДПМНЕ и масовна поддршка за кандидатите под реден број 13. Секогаш работа, секогаш Македонија. Нова ера, за нови победи“.