ВЕЛЕС: Поддршка за одржување на референдум за прашањето за населување на мигранти (ВИДЕО)

Со 12 гласови ЗА и 8 воздржани, советниците на 74. седница на Советот на општина Велес го поддржаа барањето на советникот Александар Колев за организирање на Референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за населување и интеграција на мигранти на територијата на општината. Очигледни беа различните ставови помеѓу советниците на власта и опозицијата. Дебатата најмногу беше околу денот н аодржување на референдумот.

Подносителот на барањето за референдумско изјаснување, советникот Александар Колев како мотив го имал Акцискиот план за интеграција на бегалци и странци за периодот 2017-2027 година што всушност е дел од националната Стратегија за интеграција на бегалци и странци на Министерството за труд и социјална политика. За Колев 11 октомври е идеален датум за референдумско изјаснување водејки се пред се од економично работење.

На поставеното референдумско прашање, „Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општина Велес“, граѓаните со право на глас ќе се изјаснуваат со заокружување на еден од двата понудени одговори, За и Против.

Дијана Иванова