Велјановски: ВМРО-ДПМНЕ не ги исполитизира театрите

Ниту ВМРО-ДПМНЕ ги исполитизира театрите, ниту ги заробило, ниту директорите биле султани, ниту пак кадрите што ги регрутирале директорите биле бирани по некаква припадност, нагласи Роберт Велјановски во „Отвореното студио“ на Тв Нова.

-Двајца од луѓето што јас сум ги донел во Драмски театар, едниот сум го донел од прилепскиот театар и еден што сум ги примил на јавен оглас сега се во Управниот одбор.Како тоа нагло ги променија своите погледи и провиниенции? Не,тие отсекогаш биле тоа што се.Се уште се нема родено маж што актерите во Драмски ќе ги вкалапи во некаква политичка структура- изјави поранешниот директор на Драмскиот театар.