Викендов ќе се изведуваат прекопи на булеварот „Борис Трајковски“

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека викендов ќе се изедуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булевар „Борис Трајковски“.

Прекопите ќе се изведуваат кај стовариштето „Бујо Градба“ и кај семафорите во населбата Пинтија.

Градот Скопје апелира до учесниите во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената сигнализација.