Викендов променливо време и повремен дожд

Променливо време со повремен дожд и грмежи, најавуваат синоптичарите за деновите од претстојниот празничен викенд.

Утре ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а во крајните западни делови ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

В сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови од земјава. Нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на нестабилност се очекуваат во понеделник кон крајот на денот.

Минималните температури ќе се движат од 9 до 17, а максималните дневни од 30 до 34 степени.г