ВМРО-ДПМНЕ: Новата боемска улица на Жерновски чини 710.000 евра

vmro

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира на работењето на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, за уредувањето на боемските улици и нивната вредност.

– Граѓаните на општина Центар не можат да излезат на крај со неисчистените улици од снегот и мразот, но Андреј Жерновски е единствениот градоначалник кој им пружи за уживање 270 метри боемска улица која чини неверојатни 710.000 евра, изјави денеска Јордан Ристевски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

За секој метар од оваа боемска улица, според Ристевски, Жерновски платил по 2.629 евра.