Во Македонија ќе се гради медицински наменски центар за потребите на целиот Балкан

Во касарната Илинден денеска се отвора медицински наменски центар за потребите на целиот Балкан. Станува збор за прва ваква регионална организација со постојано седиште во Скопје, а членки на центарот се Словенија, Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Македонија.

Тоа значи дека во случај на непогоди како пожари, земјотреси, поплави ќе се координира одговорот на овие земји, односно медицинските сили ќе се распоредат на соодветни локации. Преку овој т.н. штаб ќе се координира која земја со што може да придонесе“. Иницијативата е проект на НАТО.