Во штипската Клиничка болница реновирана детската соба на хирургија

Детската соба на Одделението за хирургија е реновирана. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска на денешната прес-конференција рече дека реновирањето е направено со помош на штипскиот бизнис сектор.

– Собата ќе се користи за дечињата на Одделението за урологија, на хирушкото одделение и на одделението за неврохиругија. Тоа се четири кревети кои повремено се користат и ние би биле среќни да не би била полна секогаш, вели Шуманска.

Во стариот штипски здравствен дом е и отворена амбуланта на Одделението за неврологија, каде што во функција се ставен апаратите ЕЕГ и ЕМГ. Пациентите од источниот регион со години мораа да патуваат и да имаат дополните патни трошоци за да ги направат прегледите во скопскиот Клинички центар, токму на ваквите апарати