Воена делегација од САД во посета на земјава

Воена делегација на националната гарда на Вермонт (САД), предводена од Командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј престојува во Република Македонија.

Во рамки на посетата, денеска делегацијата ќе биде примена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и ќе оствари средба со министерката за одбрана  Радмила Шекеринска.

Делегацијата ќе престојува во земјава до 17-ти овој месец.