Заев најави дека ќе брка професори и наставници од работа (ВИДЕО)

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во своето гостување во емисијата 24 Отворено на Телевизија 24 најави дека ќе брка професори и наставници од работа.

Заев изјави дека не треба да му се дава приоритет на квантитетот на образованието, дека ќе чини  професори и наставници да останат без работа, но како што рече самиот, „нека чини“.

-Јас се надевам дека многу брзо ќе се осетат политики кои што ќе дадат приоритет на квалитетот на образованието, а не на квантитетот во образованието. Тоа ќе чини, можеби некој ќе остане без работа во делот на професорите во рационалзиација на часовите, но нека чини, изјави Заев.