Заев нема ништо против да има меѓународна истрага за „Дива Населба“

Владата е согласна да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Дива населба“. Премиерот Зоран Заев вели дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската „Дива населба“ на 9 и 10 мај 2015 година.

– Чекор што досега е направен е информирање на претставници на меѓународната заедница да размислат на варијанти како тоа би се извело. Ние не сакаме да има дилеми за неразјаснети работи кои се од интерес за граѓаните. Овој случај и тоа како е интерес на граѓаните.  Верувам дека ќе ги најдеме начините со меѓународната зедница како да се оформи меѓународна истрага за овој случај, изјави Заев на денешната прес-конференција во Владата одговорајќи на новинарски прашања.