Засега само препораки против загадувањето, се чекаат мерки

Скопје повторно се гуши во отровен воздух. Мерните станици покажуваат енормна загаденост во Центар, Ново Лисиче и Карпош до 250 микрограми на еден метар кубен, односно 5 пати над максимално дозволените граници. Покрај Скопје загадено е и во Битола, Тетово, Куманово.

Кои се засега препораките на надлежните.. Користење на јавниот превоз, редуцирано возење автомобили, намалување на греење на дрва, секако доколку е тоа можно, а лекарите советуваат да се избегнува престој на отворено во часовите кога воздухот е најзагаден.

Ова се мал дел од апелите до граѓаните и институциите во услови на нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух, но барем засега нема ниту една конкретна мерка.

против загадениот воздух кој буквално ги труе граѓаните. Новиот градоначалникот Петре Шилегов, планира да го поскапи паркингот во центарот на градот со намера да го намали користењето автомобили во овој дел на градот, меѓутоа целосниот план за борба против загадувањето ќе го објавел на 15ти ноември.  Секако воздухот е тема и за политичка борба меѓу париите. Во ВМРО-ДПМНЕ вината ја лоцираат кај СДСМ. Реагираат зашто и по 6 месеци од преземањето на власт се уште немале преземено конкретни мерки за заштита на здравјето на граѓаните од отровниот воздух.

Андријана Лазова