Земјотрес од 4,7 степени во Грција: Почувствуван и во југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 13 часот и 12 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во останатите делови на Македонија земјотресот е почувствуван со интензитет од три до четири степени.

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 4,7 степени според Рихтреровата скала.