Зиков: Анкетите покажуваат дека Хилари ќе освои глас од повеќе од 270 електори

Анкетите покажуваат дека Хилари ќе освои повеќе електори од потребните 270 кои се потребни за победа.

Светот се наоѓа во една таква ситуација да има сложена политичка и воена ситуација. Актуелни се војни на неколку жаришта во светот во моментот и тоа ги прави изборите во Америка многу интересни за следење и многу важни, веројатно за тоа што ќе се случува од утре натаму. Ако се земе само тој филтер да се анализира определбите на двата кандидати како никогаш досега во историјата во последниот век се дијаметрално спротивно во тој сегменти, истакна Зиков при гостувањето во Отворената програма на ТВ Нова.

Зиков смета дека Доналд Трамп сака да ја изолира Америка и да ја помести од сегашната политика за да не се меша во светски проблеми, додека Хилари е за продолжување и за дијалог:

– Додека Доналд Трамп се залага изолационизам и за враќање на Америка 120 години назад во политичката определба, а тоа е немешање во светските нешта, се залага за реформа на НАТО од аспект на тоа дека бара од другите членки да ги зголемат воените буџети, а Америка да го намали својот воен буџет и своето присуство, како и определбите за нуклеарно наоружување на помалите држави како е Јужна Кореја и Јапонија, а со тоа и практички навестување на тоа каква е неговата политика спрема Кина. Видовме дека не се залага за добра и конкретна политика со Кина, додека пак Хилари Клинтон се залага за континуитет на надворешната политика и САД, за соработка со партнерите во тоа, партнерите на САД во светот во изнаоѓање на решенијата за овие прашања, таа политика е силно напаѓана од штабот на Трамп и тука на пример, во тој контекст треба да се бара и исходот на овие избори, кажа Зиков.

Отворената програма на ТВ Нова посветена на изборите во САД започна во 20 часот и ќе трае се до прогласувањето на победникот.