Зиков: Надворешната политика е главен столб на САД

Надворешната политика е главен столб во општата политика на САД заради тоа што таа излезе изолационата политика уште од 12-та година и од тогаш станува меродавен фактор на политичката сцена во првата светска војна, но и во втората светска војна.

Како производ на тоа влијание кое Американците сами си го зададоа тие развивајќи ја својата економија како силна индустриска економија во тоа време, потоа и како технолошки лидер – гигант во светот, успеаја на свое тло да донесат многу мигранти.. Денеска сме сведоци дека таму не само поради македонска заедница, туку и поради многу силни заедници кои живеат таму, пред се Евреите, Грците, Ирците, но и останатите, во темелот на американската надворешна политика е поставен тој момент дека Америка во суштина ги брани своите национални интереси, се мисли на интересите на своите народи, кажа Љупчо Зиков при своето гостување во отвореното студио на ТВ Нова.

Зиков додаде дека САД се агресивно присутни во светот:

– Тоа е едно глобално објаснување зошто се тие условно речено и агресивно присутни во светот. Секако дека како технолошки гигант и огромен пазар од 360 милиони граѓани кои живеат во САД, со многу народ, многу нации, многу религии и раси, има и свои економски интереси во светот. Повторно се поврзува тоа со луѓето кои живеат таму и нивното потекло од каде доаѓаат.

argumenti-argumenti

Дали е битно за Американците кој ќе победи на изборите за Претседател? Колку идните претседатели го реализираат ветеното? Имаат ли програма и колку на конвенциите ја објаснуваат? За сето ова и многу повеќе вечерва во отвореното студио „АРГУМЕНТИ“ со Љубиша Николовски на телевизија Нова разговараат аналитичарите Александар Станковски, Љупчо Зиков и Шптим Љатифи.