Зиков: Трамп е модел на човек што може да се најде и во Македонија

Трамп е модел на човек што може да се најде и во Македонија. Тој е класичен претприемач кој што започнал да работи на улица, каде продавал и весници, па оттаму започнува да се гради како бизнисмен, истакна Љупчо Зиков во отвореното студио на ТВ НОВА по повод инуагурацијата на Доналд Трамп.

„Карактеристично е што во кариерата има четири банкроти, но успеал да се дигне, да се забрише и да продолжи понатаму. Како негов недостаток може да се наведе огромното его што не му дозволува да општи порелаксирано со новинарите и политичарите. Нема ниту еден ден во администрација. Трамп од бизнис влегува во политика и тоа директно на местото на претседател на САД. Денес не остава впечаток во јавните настапи, премногу е директен, а на моменти безобразен“, изјави Зиков.