Зимска идила на езеро Младост

ezero-mladost-veles

Деновиве, незаборавна зимска идила може да се доживее и на велешкото езерото Младост. Ниските температури се причина одделни делови да се замрзнати. Највпечатливо е околу браната. Повозрасните велешани велат дека не паметат досега во зима езерската вода да прелива.

А ниските температури создадоа неверојатни облици на мраз што глетката ја прават привлечна за минувачите. Бидејќи ова за прв пат се случува, прашање до надлежните, дали оваа количина на мраз може да влијае врз безбедноста на браната.

За сите оние кои се љубители на снежните прошетки да напоменеме дека надлежните служби целосно го имаат исчистено патот до Младост. Несекојдневниот престој на езерото го надополнуваат и птиците кои овие денови се покрај самиот езерски брег.

Дијана Иванова