Без струја утре делови од неколку скопски општини

Заради закажани технички зафати утре без електрична енергија во одедени периоди од денот ќе останат дел од корисниците во неколку општини во Скопје, соопшти РЦУК – Скопје по известување добиено од „ЕВН Македонија“ АД.

Во периодот од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Кавалска во Општина Килсела Вода. Во Општина Гази Баба од 08:55 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците Ташко Караџа, Лазар Поп Трајков, Христо Ботев, 16-та Македонска Бригада, Габреж, Трифун Хаџијанев, Јани Лукровски, Факултетот за ветеринарна медицина и Ветеринарниот институт, а во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од делови од улиците 7-ма Албанска Бригада, Јајце, Ордан Чопела, Бајрам Шабани, Сараевска и Природно-математичкиот факултет.

Без електрична енергија во време од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улиците 1, 6 и 7 во с. Батинци во Општина Студеничани, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Востаничка и маркетот Рептил во Општина Кисела Вода, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. Лихнида во Општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. Стогово во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 15:15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците Габреж бр. 4/6, бр. 2/1 и бр. 2/2, Ташко Караџа бр. 14, бр. 18/1, бр. 20, 22 и 24, и ул. Лазар Поп Трајков бр. 26/3 и 29/2 во Општина Гази Баба.