Дел од општина Гази Баба утре без струја

Од 9.30 до 13 часот утре без електрична енергија  ќе бидат потрошувачите од населбата Ченто.

Во истиот период без струја ќе бидат и корисниците лоцирани на улиците „Антон Попов“ броеви 73 а и б, 75 а и б, 77 а и б и 79 а и б во општина Гази Баба.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.