По 5.000 денари еднократна субвенција за 29 новороденчиња во Новаци

bebe-1-1

Општина Новаци исплати 145.000 денари за 29 новороденчиња кои се родиле минатата година, или по 5.000 денари еднократна парична помош за нивните родители.

Според статистиката, бројот на новороденчињата во општина Новаци е идентичен со претходните години, односно во 2015 година биле родени 33 бебиња, во 2014 и 2013 година по 30 новороденчиња.

– Оваа хумана одлука на локалната самоуправа се практикува девет години. Општината исплаќа по 5.000 денари за секое новородено дете со цел да се поттикне зголемувањето на наталитетот во општината. За 2016 година доделивме вкупно 145.000 денари за 29 новороденчиња. Мерката која ја донесовме со одлука на Советот на Општина Новаци за стимулирање на порастот на наталитетот наиде на позитивни реакции, истакна Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.