Повеќе села и приградски населби во Скопје утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 11:30 ќе останат дел корисниците од село Љубош, дел од стопанските објекти во реон на почетокот на село Батинци, фарма Весна, како и објектите на фирмите Златна Рака, Зинес, Беровиќ Бетон, Наско, Тони – промет и Делса – ком.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од улиците „Рифат Бурџевиќ“, Серава и „Стојна Стефкова“, дел од корисниците од улиците „Стојко Јовановски“, Македонско Косовска Бригада, „Прохор Пчински“, „Рифат Бурџевиќ“ и Ковачка, како и корисниците од улиците „Пере Тошев“, „Максут Садик“, Севастополска и Кримска.