Пренасочен сообраќајот по булеварот „Гоце Делчев“ поради кружни трки

Поради одржување на автомобилски кружни трки, денеска и утре во периодот од 08.30 до 16.00 часот, целосно ќе биде пренасочен сообраќајот по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, соопшти МВР.

Сообраќајот ќе биде пренасочен во двата правца и тоа од крстосницата со ул. „Беласица“ до крстосницата со бул. „Крсте Мисирков“ (од хотел Континентал до Судска палата).