Прскање против комарци во општина Кочани

Општина Кочани во текот на ноќта ќе го спроведе второто прскање против комарци од земја. Со акцијата ќе биде опфатена површина од 300 хектари во градот Кочани и населените места Тркање, Мојанци, Горни и Долдни Подлог, Грдовци, Прибачево и населбата Оризари.

Во изминатиот месец во општина Кочани беа спроведени две акции за прскање против комарци. Со акцијата за прскање против комарци од земја беше опфатена површина од 450 хектари, а со авионското запрашување површина од 3.400 хекатри.

Од општина Кочани апелираат сопствениците на пчелни семејства да ги заштитат за време на третирањето на површините од комарци.

До крајот на август општината ќе спроведе уште две акции за уништување на комарците, по една од земја и едно авионско прскање. За оваа намена општина Кочани од сопствениот буџет обезбеди 1 милион и 542 илјади денари, што е за околу 200 илјади денари повеќе од минатата година.