Промовирана збирка на поезија „Мостови на пријателство“ на Здружението Диван

Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор на 14.11. 2017 г. во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје е промовирана збирка на поезија од група автори „Мостови на пријателство“ во издание на Здружението Диван.

Во Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” во Скопје во рамките на проектот „Бошњаците за Македонија – Македонија е и наш дом” финансиски подржан од Министерството за култура се одржа промоцијата на заедничката збирка поезија “Мостови на пријателството.”

На почетокот на присутните им се обрати Доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ, како идеен творец на проектот чија цел е преку пишаниот збор да се промовираат веедности кои ги поврзуваат луѓето, но и да се зголеми инклузивноста на писателите од различните етнички заедници.

Здружението Диван им додели дипломи на првонаградените писатели, како и благодарници  на институциите за афирмација на босанскиот јазик во Република Македонија, на Институтот за македонски јазик, на Институтот за јазик од Сараево чии претставници беа присутни на промоцијата во чие име се обрати и писателот Хаџем Хајдаревиќ.

За книгата говореа промоторите Сеида Бегановиќ и Виолета Танчева Златева. А со свои песни им се обратија и дел од авторите: Шефкија Боранчиќ, Мустафа Баље, Садик Идризи, Реџеп Шкријељ, Шериф Ајрадиновски, Сеида Бегановиќ и Адиса Цамиќ.