Американска делегација во Турција, во обид за надминување на визната криза

Американска делегација, предводена од заменикот-државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џонатан Коен, пристигна денеска во Турција, каде со претставниците на оваа земја ќе се обидат да ја надминат т.н. визна криза.

Првата средба на дипломатски делегации на двете земји ќе се одржи утре, јави Си-Ен-Ен Турк.

Американската амбасада во Анкара, претходно овој месец објави дека привремено ги запира сите неимиграциони визни услуги во дипломатските претставништва во Турција. Одлуката беше најавена неколку дена по апсењето на вработениот во Американскиот конзулат во Истанбул Метин Топуз.

Турција возврати со реципрочна мерка.