Балканските земји треба да бидат партнер во справување со мигрантската криза

Централноевропските држави ги поканија балканските земји да бидат нивни партнери во справувањето со мигрантската криза во Европа.

Министрите за одбрана на Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и на Босна и Херцеговина на денешната средба во Сараево разговараа за начините за вклучување на армијата во плановите за намалување на бранот на мигранти преку Балканот.

– Тоа не е само проблем на Европска унија, БиХ, Србија, Македонија и Црна Гора треба да бидат вклучени во идните планови како да се заштитат европските граници, изјави австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил.

Чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки изјави дека придонесот на земјите од Западен Балкан во поддршката на стабилноста на регионот нема да биде заборавен, кога ќе се разгледуваат нивните кандитури за членство во ЕУ и во НАТО.