Бугарски државјанин уапсен во Хрватска поради банкомат измами

Бугарски државјанин бил уапсен во Хрватска поради крадење на лични податоци од банкомати.

Според новинската агенција БТА, 34 годишниот измамник во септември поставил уреди со кои ги крадел податоците од картичките употребени во два банкомати во хрватскиот главен град Загреб. Потоа, користејќи ги добиените податоци, успеал да подигне неколку илјади евра вршејќи незаконски трансакции преку Индонезија.Измамникот бил уапсен во средата, на границата меѓу Хрватска и Србија.