Дачиќ: Oние држави кои ја признаа независноста на Косово посакуваa слаба Србија

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Приштина не поднела барање за прием на Косово во УНЕСКО, бидејќи не се сигурни дека имаат доволно поддршка.

– Тие тоа го толкуваат дека можат да поднесат барање на самата генерална конференција, бидејќи минатиот пат нивното барање го мина Извршниот совет. Тоа е папазјанија. Ајде, нека пробаат. Јас никого не провоцирам, изјави Дачиќ за РТС.

Тој оцени дека оние држави кои ја признале „еднострано прогласената независност на Косово“, посакувале слаба Србија на Балканот. – Тоа нема да им успее, вели Дачиќ.