Ердоган: ЕУ треба брзо да донесе одлука за кандидатурата на Турција

Европската унија треба брзо да донесе конечна одлука за кандидатурата на Турција за влез, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Преразгледајте ја, но не го забавувајте процесот. Донесете конечна одлука, изјави претседателот во обраќање во Истанбул.

ЕУ ја зајакна изминатиот период критиката во однос на кампањата на турските власти против нивните политички противници и осомничените поддржувачи на обидот за пуч во јули.

Тоа доведе до остар одговор од Анкара, која ја обвинува Европа дека вистински не ги разбира заканите со кои се сочува Турција.