Грчката Влада го осуди нападот на француската Амбасада

Грчката Влада денеска го осуди нападот врз француската Амбасада во Атина и изрази солидарност со чуварот кој беше повреден.

„Грчката полиција ќе ја изврши својата должност да се лоцираат извршителите и ќе ја гарантира безбедноста на сите граѓани“, се вели во соопштението на владиниот портпарол, Димитрис Цанакопулос.

Тој исто така додава дека „пријателските односи меѓу Грција и Франција не можат да бидат нарушени со вакви терористички акции“.