Грчката Влада одобри 180.000 евра помош за Китира

Грчката Влада соопшти дека доделува 180.000 евра итна помош за островот Китира, кој месецов беше зафатен со разурнувачки шумски пожар.

Помошта ја одобри министерот за внатрешни работи, Панос Скурлетис, по барање на локалните власти на островот.

Владата соопшти дека финансиската помош ќе се искористи за реализација на неопходните проекти за спречување на поплави и ерозија.