Ѓуриќ: Никој во Косово нема право да зборува во име на Србите

Дирекорот на Канцеларијата за Косово во српската Влада, Марко Ѓуриќ изјавил дека никој во Косово нема право да зборува во име на Србите.

Според него инситуциите во Косово донесуваат одлуки без согласност на Србите, како што тоа беше случај со законот за металуршкот гигант „Трепча“.

– Има многу политичари во Приштина, кои се обидуваат да влијаат врз ставовите на претставниците на Србите и да им кажат какви ставови треба да донесат, но тие се избрани од граѓаните и знаат да проценат што е од интерес на Србите, изјави Ѓуриќ, пренесува електронсото издание на приштински „Експрес“.

Тој исто така, нагласи дека никој нема право во име на Србите да оценува што е во нивен интерес.

– Многу покорисно би било албанските политичари да излезат и со претставниците на Србите, да седнат на заедничка маса, за да покажат дека ги гледаат како нешто повеќе, а не само како декор. Тие го прават тоа само кога имаат потреба да се покажат пред меѓународната заедница дека тие се мултиетнички и демократски институции,-рече Ѓуриќ.

Во врска со начелно постигнатиот договор меѓу Косово и Србија околу регистарските таблички за возилата, Ѓуриќ изјави дека треба да се согласат уште за неколку технички детали, но според него овој договор во целина е во интерес на Белград, за луѓето и стоката преку сите „административни линии“ кон Косово минуваат со што помалку потешкотии.

– Во нашите очи и срце ние сме една држава и што помалку административни линии толку подобро,-рекол Ѓуриќ.