Ќелија на ИД во Албанија била прислушувана една година

Еден од повеќето уапсени Албанци под сомение дека планирале напад врз израелската фудбалска репрезентција, бил прислушуван една година, бидејќи постоеле цврсти докази дека е меѓу најголемите поддржувачи на веќе осудените двајца имами за регрутирање и пропаганда во полза на Исламска држава.

Поради овие причини, кои наведуваат дека тој е водач на ќелијата на ИД во Албанија, бил набљудуван од агентите на албанската тајна служба ШИШ и секторот за антитероризам.

Откако од страна на израелската тајна служба било потврдено дека водачот на албанските џихадисти во Сирија, Косовецот Лавдрим Мухаџери комуницирал со косовски граѓани за можен напад врз израелската репрезентација при нејзиниот престој во Албанија, ќелијата на ИД во Албанија се активирала.

Како што јави тиранската Тв Клан, името на водачот на ќелијата не се соопштува во интерес на истрагата.

Инаку, минатиот петок полицијата соопшти дека се уапсени Енгис Фаслиа, Беким Протопапа по профосија лекар, Медат Хасани и Џезаир Фишти, а вчера и Ервин Дука, повратник од Сирија, во чиј дом биле пронајдени еклплозив и муниција.

Во текот на изминатава недела, според телевизијата, биле приведени најмалку 150 лица, главно повратници од Сирија, нивни роднини, како и поддржувачи на ИД.