Косовска Митровица: Фрлена бомба во хотелот „Саша“

Непознати лица вечерва фрлиле експлозивна направа во хотелот „Саша“ во Косовска Митровица.

Претставникот на косовската полиција Жељко Бојиќ изјави дека инцидентот се случил во 20.20 часот по локално време и дека на објектот е направена материјална штета. Нема повредени лица.

Ова е втор напад врз хотелот „Саша“ во последните две недели.