Косовската Влада издвои 100 илјади долари за анти-ИД коалицијата

Косовската Влада издвои средства во износ од 100 илјади долари за анти-ИД коалицијата.

Според премиерот Рамуш Харадинај, Владата е подготвена да ја поддржи и иницијатвата за враќање на протеранте жители од Ирак и Сирија.

Помошта што може да ја даде Косово е асистенција во деминирање на минираните подрачја, како и хуманитарна помош со проекти кои се однесуваат на изградба на домови, за храна, здравство, енергија и слично.

Владата во Приштина ги издвои средствата од ставката непланирани трошоци.