Медиумски мрак: Грчките медиуми денеска во генерален штрајк

Вработените во сите грчки медиуми денеска ќе стапат во 24-часовен штрајк по повик на Сојузот на уредниците од дневните весници во Атина (ЕСИЕА).

Тие се незадоволни од неуспехот да се постигне договор меѓу Владата и работодавачите за спас на новинарскиот фонд за здравствено осигурување (ЕДОЕАП).

Медиумските работници штрајкуваат бидејќи фондот за здравствено осигурување не е финансиран и не ги исполнува своите функции, а како резултат на тоа вработените немаат никакво осигурување, се наведува во соопштението на синдикатот на новинарите, повикувајќи ја Владата да најде решение за проблемот