Mигрантите во Белград се борат со студеното време

фњељфњдефљњ

Мигрантите во Србија страдаат поради ниските температури и дебелата снежна покривка што им ги прекрива импровизираните засолништа во главниот град Белград.

Температурите во моментов во Србија паднаа до минус 14 степени што им отежнува на мигрантите да ја преживеат зимава. Единствен начин да се заштитат од студот се камперските огнови во нивните засолништа.

Пoвеќето мигранти порадо избираат да останат во импровизираните засолништа во Белград и да чекаат отворање на границата, отколку да заминат во кампот за белгалци во Македонија.

Дел од мигрантите страдаат од грипот што го зафати регионот.

Храната е уште еден проблем тука во засолништето во Белград. Секојдневно, во текот на денот стотици мигранти чекаат во редиците околу еден час за да добијат едноставна крана, која речиси е замрзната додека стигне во рацете на секој од нив.

Елена Тарчуговска